УХМР
Утре врнежи од дожд со ретки грмежи, во петок и сабота се очекува стабилно време
29.01.2025 16:16
Утре ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи...

Утре ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.
Во петок и сабота времето ќе биде стабилно, а во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег.
Според УХМР, во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.
