Македонија

Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре – Попова Шапка

29.01.2025 12:12

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 20 до 30 метри има од село Гајре до Попова Шапка.

Слаб дожд врне во југозападниот дел од земјава. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.