Започната истрага против италијанската премиерка Мелони
Мелони потврди дека е под судска истрага и изјави дека обвинителите ја сомничат за проневера и помагање во кривично дело поврзано со овој случај.

Обвинителите во Рим отворија истрага против италијанската премиерка Мелони и двајца владини министри за репарација на либискиот воен лидер Осама Елмасри Нџим, баран од Меѓународниот кривичен суд за наводни злосторства против човештвото.
Мелони потврди дека е под судска истрага и изјави дека обвинителите ја сомничат за проневера и помагање во кривично дело поврзано со овој случај. Таа рече дека цел на истрагата се и нејзините министри за правда и внатрешни работи и потсекретарот.
„Меѓународната потерница е издадена во момент кога ова лице требаше да влезе на италијанска територија, откако мирно престојуваше околу дванаесет дена во три други европски држави. Барањето на Јавното обвинителство на Меѓународниот кривичен суд за негово апсење не е пренесено до италијанското Министерство за правда, како што налага законот и поради оваа причина Апелациониот суд на Рим одлучи да не продолжи со неговото потврдување. Ова е причината поради која римското јавно обвинителство денеска води истрага против мене. Но нема да бидам уценувана ниту да дозволам да ме заплашат оние кои не ме сакаат ниту сакаат Италија да се промени и да стане подобра“, изјави Џорџа Мелони – премиерка на Италија.
