Игор Николов предложен за нов амбасадор на земјава во Франција
Мицкоски денеска изјави дека неговиот досегашен советник за здравствена политика, проф. д-р Игор Николов ќе биде нов амбасадор на земјава во Франција.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека неговиот досегашен советник за здравствена политика, проф. д-р Игор Николов ќе биде нов амбасадор на земјава во Франција.
Проф. д-р Игор Николов беше мој советник во делот на здравствената политика, чиј што договор ќе престане, бидејќи во текот на вчерашната седница беше предложен од Владата да биде нов амбасадор на нашата држава во Франција, изјави Мицкоски на новинарско прашање.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчои Муцунски во декември лани ги најави измените на Законот за надворешни работи, кој ќе се носи транспарентно и во редовна постапка, чија цел е професионализацијата на дипломатската служба и подобрување на работењето и функционирањето на целокупниот државен систем вклучен во дипломатските процеси, како и преземањето на надлежностите во делот на надворешната трговија и странските инвестициите, обврска која произлезе од измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа.
