Економија

Притисок за поскапување на парното

29.01.2025 14:00

По ЕСМ Дистрибуција, и ЕСМ Производство бара поскапување на парното поради зголемените трошоци за гориво. На потег е Регулаторна.

Очекувано е барањето на ЕСМ за зголемување на цената за парно греење со оглед на зголемената потрошувачка на гориво во зимскиот период, но не би требало да биде повеќе од 6,7 отсто – оценува професорот Антон Чаушевски. Тој вели треба да се почека и да се види дали ќе се зголеми финалната цена за потрошувачите или Владата ќе преземе дел од трошоците.

По ЕСМ Дистрибуција, уште една фирма-ќерка на ЕСМ, ЕСМ-Продажба побара зголемување на цената за 20 проценти поради зголемените трошоци за набавка на гориво.

Чаушевски препорачува да се спроведе стратегија за приклучување на што е можно поголем број корисници на топлинската мрежа за да се намали цената.

 

Александра Велинова