Кои се загадувачите на Скопје?!

15.12.2013 17:13

Меѓу предложените и препораката до Скопјани ...

Меѓу предложените и препораката до Скопјани помала употреба на автомобилите, а и  да внимаваат каков огрев користат. Во немоќ преку ноќ да ги сменат состојбите, на дел од нашите сограѓани падините на Водно им послужија како засолниште.

Мерните станици го вклучија алармот. Автомобилите се со 50 процентен удел во загадувањето на воздухот, со нешто помал процент се топланите, фабриките, рафинеријата и Железарата, сметаат експертите. Екологистите ја посочуваат најголемата опасност –ПМ-честичките од 10 и 2.5 миркометри.

Овие честички се причинители на болести со смртни последици. Ресорниот министер најави дека наредната недела ќе бидат обезбедени мобилните апарати што ќе ги ловат загадувачите.

Мобилните мерачи ќе може да се пренесуваат со возило, а ќе мерат 24 часа во сите временски услови.

Фиљана Кока