Нашите фудбалери на половина пат до последниот филтер пред групната фаза
Работнички се збогуваше уште во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, а протагонисти на третото претколо од елитната европска конкуренција се три клуба чиишто бои ги бранат наши фудбалери. И Марибор и Динамо Загреб и Карабах се на половина пат до пласман во последниот филтер пред групната фаза.

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ги одигра сите 90 минути во победата на марибор над Макаби Тел Авив од 1-0. Словенечкиот тим во самиот финиш го постигна голот којшто му дава добри шанси во реваншот. Аријан Адеми, за кого допрва се очекува да го облече нашиот репрезентативен дрес, поради повреда не беше во составот на Динамо Загреб којшто исто така со 1-0, но на гости славеше против дански Алборг. Хрватскиот тим ќе треба на максимир да го потврди пласманот во наредната фаза. Повремениот репрезентативец Муарем Муарем не играше за азербејџански Карабах, којшто во меч со три црвени картони го совлада Салцбург со 2-1, иако тоа е опасен резултат пред гостувањето во Австрија на реваншот.
Во другите синоќешни натпревари од третото претколо во шампионската лига: Легија-Селтик 4-1, Лудогорец-Партизан 0-0, АЕЛ Лимасол-Зенит 1-0, Актобе-Стеауа 2-2, Днипро-Копенхаген 0-0, Феенорд-Бешикташ 1-2, Стандард-Панатинаикос 0-0, Грасхоперс-Лил 0-2 и Хелсинки-АПОЕЛ 2-2.