Индија

Десетици загинати во стампедо на верски фестивал во Индија

29.01.2025 14:09

До несреќата дошло кога десетици милиони верници се собраа да учествуваат во ритуалот на нурнување во водата на реката Ганг...

Десетици луѓе загинаа во стампедо на големиот хиндуистички фестивал Маха Кумб Мела во северна Индија. До несреќата дошло кога десетици милиони верници се собраа да учествуваат во ритуалот на нурнување во водата на реката Ганг.

Стампедото се случило кога некои од аџиите се обиделе да ги прескокнат полициските бариери поставени за да се контролира толпата за време на светото капење.

Маха Кумб Мела е најголемиот собир на луѓе на светот, кој привлекува околу 400 милиони луѓе за период од шест недели.