Повиците за бојкот на големите маркети добиваат на масовност
Повиците за бојкот на големите маркети добиваат на масовност. Граѓаните бараат да запре дивеењето на цените, помалите трговци се надеваат на ќар. Власта најави ригорозни контроли во два продажни синџири...

„Попусто попусти“. „Бојкот на маркетите в петок“. „Никој да не купува“. Сè погласни се повиците на социјалните мрежи за најавениот бојкот, за да се изврши притисок врз трговците поради енормно високите цени. Се појавија и летоци.
„Ќе бојкотирам. Секако дека сè ќе поддржам“, вели граѓанин.
Од големите маркети велат дека ги разбираат граѓаните. Најавуваат промоции од следната недела.
Премиерот Мицкоски откри дека се почнати вонредни контроли во два големи продажни синџири поради сомнеж за изигрување на законите. Вели, однесувањето на маркетите го сфаќа како напад врз стандардот на граѓаните.
Економистите велат дека е добро и Македонија да го следи примерот на други земји од соседството.
Повик за бојкотот е инспириран од акцијата во Хрватска, Црна Гора и Босна.
Борис Грујоски
