Симулација на хибриден кибернапад во касарната „Гоце Делчев“
Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, одржана симулација на кибер хибриден напад. Подигнати безбедносните стандарди во институциите...

Ниту една држава не е имуна на хибридни кибернапади, па и Македонија. Тие ги загрозуваат приватноста и економијата, суверенитетот и националната безбедност. Ќе се вложува во мерки за зајакнување на критичната инфраструктура, во јавните и приватни мрежи, како и во подигнување на свеста за ризици од киберзакани.
Заедничка одбрана од кибер-напади е еден од приоритетите на НАТО. Затоа добиваме поддршка и од сојузникот Обединетото кралство.
Имаме центар за зачувување податоци во случај на напади преку интернет, но немаме централен центар за одбрана и заштита од кибер-напади, каде ќе се врши анализа на можните ризици за да се заштитат државните институции.
Ирина Гелевска
