Обвинителство

Силување на дете во валандовско, поведена истрага

29.01.2025 14:57

Осомничениот жител на радовишко, на 22 јануари, имал полов однос со 12-годишно девојче од едно валандовско село, со кое претходно комуницирале преку социјална мрежа...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот жител на радовишко, на 22 јануари, имал полов однос со 12-годишно девојче од едно валандовско село, со кое претходно комуницирале преку социјална мрежа.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Основниот суд во Гевгелија го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.