Регион

Продолжуваат студентските протести во Србија

29.01.2025 19:18

Избори или не-без ефект, студентските протести продолжуваат оти немаат политички карактер, туку имаа системски барања…

Српската влада влезе во технички мандат, премиерот Вучевиќ е во оставка, а претседателот Вучиќ порача дека во наредните 10 дена ќе ги повика на консултации за формирање на нова Влада. Тој додаде да може да има избори за 75 дена, најреално во април и ја отфрли можност за формирање на преодна влада.

Коалициониот партнер Ивица Дачиќ соопшти дека не е за опцијата за нови избори, туку за нова влада, додека првиот спикер Ана Брнабиќ утринава на „ТВ Хепи“ кажа дека не постои политичка криза и нагласи дека „сите мора да се потрудиме да најдеме начин за дијалог“.

Во овој момент прашање е дали изборите ќе решат нешто или ќе направат подобра состојба во општеството, веројатно не би, така што, на прво место мора да се потрудиме да најдеме некој начин за дијалог, рече Брнабиќ.

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ