Собрание
Во Собранието седница за пратенички прашања
30.01.2025 08:02
Седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот, а според воспоставената практика, први за поставување прашања на премиерот и министрите се пратениците од опозицијата...

Собранието денеска ќе ја одржи 32. пленарна седница на која на дневен ред се пратенички прашања.
Седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот, а според воспоставената практика, први за поставување прашања на премиерот и министрите се пратениците од опозицијата.
На паузата, се очекува да се одржи продолжението на 33. седница и да се гласа за измените на Законот за инспекциски надзор.
Претходно, претпладнето претседателот на Собранието Африм Гаши ќе го одржи редовниот месечен брифинг со новинарите.
