Еболата забрзано се шири низ Африка

31.07.2014 17:26

Владата на Либерија денеска нареди да се затворат сите училишта како превентивна мерка за запирање на овој смртоносен вирус, додека во Сиера Леоне е прогласена вонредна состојба. Ситуацијата е ужасна велат докторите.

Застрашувачки фрапантно продолжува ширењето на еболата низ западна Африка. Најзагрозени региони се Сијера Леоне, Либерија и Нова Гвинеја. Од почетокот на месецот до сега Светската здравствена организација забележала 50 новозаразени случаи и 25 смртни исходи. Владата на Либерија денеска нареди да се затворат сите училишта како превентивна мерка за запирање на овој смртоносен вирус, додека во Сиера Леоне е прогласена вонредна состојба. Ситуацијата е ужасна велат докторите.

„Да се соочуваш со ова секој ден и да ги гледаш луѓето во очи, ќе видиш дека се исплашени. Ако погледнете преку оваа ограда овде, ги гледате пациентите и знаете дека нивните шанси се многу мали. Ужасно е“, вели Себастијан Стеин од Лекари без граници.

Епидемијата на ебола во западна Африка се влошува, а ризикот дека ќе зафати и други земји е се поголем. Работниците на СЗО алармираат за недостиг на пари и опрема за справување со можната ескалација на епидемијата.

„Времето минува, а се повеќе луѓе се заразуваат. А потоа тој еден ќе зарази многумина други, тоа значи загрижувачки раст на бројот на новозаболени. Станува се потешко за контрола“, вели Паоло Реис, од доктор од Лекари без граници.

За жал против болеста и натаму не постои вакцина или друг сигурен лек, па стапката на смртност изнесува и до 90 насто. Лекувањето главно се состои од спречување на пациентот да не дехидрира. Дел од хуманитарните организации во овие загрозени подрачја почнаа да ги евакуираат своите вработени.

„Оптимист сум но сеуште постои причина за грижа, бидејќи работите се подобруваат во Гвинеја, но се влошуваат во Сиера Леоне. И не можеш да ги спречиш, секогаш постои ризик за контаминација“, рече Алфа Конде, претседател на Гвинеја.

Првиот случај на ебола е забележан во јануари годинава во Гвинеја, а во март се прошири на соседните Либерија и Сиера Леоне. Според податоците на Светската здравствена организација од 23 јули, вкупно 1.200 лица се заразени од болеста, а од нив 672 починале. Превентивно повеќе авионски компании ги прекинаа летовите од и до Сиера Леоне и Либерија. Либерија ги затвори и своите граници и воведе строги санитарни мерки. 

Бојана Крстевски