Скопје

Без вода делови од Карпош и дел од село Љубанци

30.01.2025 08:14

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа и тоа...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа и тоа:

-поради уличен дефект на водоводна мрежа ф 110 мм во Село Љубанци ул. Љубанци бр. 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од село Љубанци од 09:30 часот до завршување на интервенцијата. (општина Бутел)

-поради водоводен приклучок на ф 150 мм на ул. Дрезденска бр. 9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Дрезденска, Алжирска, дел од Анкарска, дел од Атинска, Борка Талевски, Багдадска, Бахар Мојс, Ген Михајло Апостолски, Наум Евро, Панче Пешев, Рилска и Њуделхиска од 9:30 часот до завршување на работните активности. (општина Карпош)