Презентација на резултатите од Анкетата за судски услуги во Скопје
Од Здружението на судии, на настанот што ќе се одржи во 13 часот во Основниот кривичен суд во Скопје, покрај презентација на резултатите од анкетата, ќе следи и дискусија за резултатите и идните активности на ЗСРСМ во соработка со меѓународните организации и невладиниот сектор во земјата...

Здружението на судии во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска ќе ги презентира резултатите од анкетата за задоволство на корисниците на судските услуги, спроведена во декември 2024 година.
Како што соопштуваат од Здружението на судии, на настанот што ќе се одржи во 13 часот во Основниот кривичен суд во Скопје, покрај презентација на резултатите од анкетата, ќе следи и дискусија за резултатите и идните активности на ЗСРСМ во соработка со меѓународните организации и невладиниот сектор во земјата.
Поздравно обраќање и вовед за идејата и потребата од изработка на тематската анкета ќе има Иван Џолев, претседател на ЗСРСМ.
