САД

Патнички авион се судри со хеликоптер во близина на аеродромот во Вашингтон

30.01.2025 08:39

Авион на „Американ ерлајнс“ се судри со хеликоптер на американската армија во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“...

Авион на „Американ ерлајнс“ се судри со хеликоптер на американската армија во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“.

Авиокомпанијата објави дека во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот. Американската војска соопшти дека во хеликоптерот биле тројца војници.

Во тек е спасувачка акција. Досега се спасени четворица патници.