Над 500 илјади раселени Палестинци се вратија во северниот дел на Газа
Денеска треба да бидат ослободени уште тројца заложници што ги држи Хамас во замена за палестински затвореници. Во рамки на спогодбата, над 500 илјади раселени Палестинци се вратија во северниот дел на Појасот Газа...

Денеска треба да бидат ослободени уште тројца заложници што ги држи Хамас во замена за палестински затвореници. Во рамки на спогодбата, над 500 илјади раселени Палестинци се вратија во северниот дел на Појасот Газа. Израелската армија ги продолжува операциите во окупираниот Западен Брег, регистрирани жртви.
„Израелската одбрана работи напорно во бегалскиот камп Џенин и во други кампови со цел уништување на терористичката инфраструктура. По завршувањето на операцијата, силите ќе останат во кампот за да се осигурат дека тероризмот нема да се врати. Одовде испраќам јасна порака до палестинската власт: стоп за финансирање на тероризмот и убиствата на евреите, почнете сериозно да се борите против тероризмот“, изјави Израел Кац, министер за одбрана на Израел.
УНРВА е закана за националната безбедност, став на владата во Тел Авив. На агенцијата и се забранува дејствување во Израел. Побарано е помошта да се пренасочи кон други невладини организации кои веќе оперираат во Газа.
