Континуирани судири во неколку области во Конго
Регистрирани судири во неколку области во Конго, вклучително и во Саке, северозападно од Гома. Според ООН приоритет останува заштитата на персоналот на организацијата и многуте цивили кои се засолнуваат под нивни објекти.

Континуирани судири се регистрирани во неколку области во Конго, вклучително и во Саке, северозападно од Гома. Според ООН приоритет останува заштитата на персоналот на организацијата и многуте цивили кои се засолнуваат под нивни објекти.
„Од ескалацијата на борбите, нашите хуманитарни партнери забележаа повеќе од 2.000 повредени. Неколку тела на загинати остануваат на улиците, додека снабдувањето со вода и електрична енергија останува во прекин од 26-ти јануари. Аеродромот во Гома за жал останува затворен, што значи дека протокот на хуманитарен товар и ротации на хуманитарен персонал се прекинати“, изјава Стефан Дујариќ, портпарол на ООН,
Немирите почнаа откако бунтовничката група М23 за кој се тврди дека е поддржана од Руанда го зазеде аеродромот, по што продолжи да напредува до освојување на милионскиот град. М23, познати и како Револуционерна армија на Конго е една од 100-те вооружени групи кои се борат за упориште во богатиот регион со минерални суровини.
