Градот Скопје се справува со последиците од силното невреме
По невремето со силен ветер и обилни врнежи од дожд што го зафати Скопје пред еден час екипите на Градот Скопје, на ЈП „Водовод и канализација“, ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „Комунална хигиена“ и на Противпожарната бригада веднаш излегоа на терен и ги санираа штетите, велат од Град Скопје.

Во врска со поплавувањето на подвозникот на булеварот Киро Глигоров од Град Скопје соопштуваат дека иако пред само еден месец беше зголемен капацитетот на атмосферската канализација и беа поставени од страна на Град Скопје нови пумпи со капацитет од 72.000 литри вода во минута подвозникот се поплави, а сообраќајот беше оневозможен.
Во моментов, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ја исцрпуваат насобраната вода и подвозникот ќе биде прооден за сообраќај, информираат од Град Скопје.
Екипите на Градот Скопје интервенираа и на улицата Финска во општината Гази Баба, се исцрпуваше водата и се расчистуваа паднатите дрвја. Градот Скопје ја следи состојбата и на други локации во Скопје.