САД

Белата куќа го укина меморандумот за замрзнување на грантови и заеми

30.01.2025 09:10

Белата куќа го повлече меморандумот за федерално замрзнување на стотици милијарди долари грантови и заеми, по одлуката на судот да ја запре наредбата потпишана само неколку часа претходно од претседателот Трамп...

Белата куќа го повлече меморандумот за федерално замрзнување на стотици милијарди долари грантови и заеми, по одлуката на судот да ја запре наредбата потпишана само неколку часа претходно од претседателот Трамп. Меморандумот е укинат, но замрзнувањето останува во сила.

„Целта на привременото замрзнување на финансирањето на одредени несуштински програми е да ѝ се обезбеди на владата доволно време да утврди дали има случаи на измама, расипничко или неоправдано трошење на јавни пари. Како што беше експлицитно наведено, ова во никој случај не влијаеше на социјалното осигурување, медикер, медикеид или други права од кои зависат Американците“, изјава Доналд Трамп, претседател на САД.

Администрацијата на Трамп објави и меморандум со кој им нуди на вработените во федералната влада отпремнина за да ги напуштат работните места до крајот на септември. Американскиот претседател најави и дека во заливот Гвантанамо ќе биде подготвен објект за 30.000 мигранти.