УХМР

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

30.01.2025 09:37

На Попова Шапка утрово се измерени нула степени, висината на снежната покривка во 07 часот била 36 сантиметри...

На Попова Шапка утрово се измерени нула степени Целзиусови, два во Маврови Анови, три во Берово и Лазарополе, четири Крива Паланка, Претор, Крушево, пет степени во Битола и Прилеп, шест Тетово, Охрид, Дебар, Куманово, Велес и Кавадарци, седум степени во Виница и Струмица, осум Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и десет степени во Штип, Демир Капија и Гевгелија.

Во изминатите 24 часа, информираа од УХМР, е наврнат воден талог 21 литар на метар квадратен на Попова Шапка, 15 во Тетово, 14 Дебар, 10 Гевгелија, 8 Маврови Анови, 7 Струмица, 6 Лазарополе, 5 Крушево, 4 Охрид, Претор, 3 во Битола, Куманово и Кавадарци, 2 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Велес и Тополчани, 1 Скопје-Петровец, Демир Капија, Виница и Берово.

Висината на снежната покривка во 07 часот била 36 сантиметри на Попова Шапка, а 19 на Маврови Анови.