Руско - украински конфликт
Најмалку четири лица загинаа во руски напад со дрон врз станбена зграда во Суми
30.01.2025 10:13
Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина се повредени, меѓу кои и деца, во руски напад со дрон врз станбена зграда во градот Суми, североисточна Украина...

Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина се повредени, меѓу кои и деца, во руски напад со дрон врз станбена зграда во градот Суми, североисточна Украина. Регионот се граничи со Курск, каде Украина изврши инвазија во август минатата година.
Руската војска соопшти дека го уништила упориштето на украинските сили во областа Доњецк. По неколкумесечна битка, украинскиот град Часов Јар, клучното упориште во источна Украина, падна во рацете на руските сили, објавија светските медиуми.
