Словенија
Се запали ученички дом во Словенија, има повредени
30.01.2025 19:41
Во пожар што избувна во ученички дом во Љубљана во раните утрински часови повредени се 11 лица, од кои три се тешко повредени.

Во пожар што избувна во ученички дом во Љубљана во раните утрински часови повредени се 11 лица, од кои три се тешко повредени.
Според првичните информации, пожарот избувнал во една од собите на првиот кат од ученичкиот дом на улицата „Пољанска“, од каде брзо се проширил низ целата зграда.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а сите луѓе од овој објект, вкупно 363, се евакуирани.
Според известувањето на локалните медиуми, алармот за пожар не се вклучил, но обезбедувањето гласно ги предупредило учениците дека има пожар.
Универзитетскиот клинички центар во Љубљана соопшти дека три лица се тешко повредени.
