Франција

Ле Пен: Франција треба да го следи примерот на Трамп за депортациите

30.01.2025 17:51

Лидерката на француската десница, Марин Ле Пен, денеска изјави дека Франција треба да заземе цврст пристап кон земјите кои одбиваат да примат депортирани лица, наведувајќи ги како пример американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот притисок врз Колумбија да прифати депортации...

Лидерката на француската десница, Марин Ле Пен, денеска изјави дека Франција треба да заземе цврст пристап кон земјите кои одбиваат да примат депортирани лица, наведувајќи ги како пример американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот притисок врз Колумбија да прифати депортации.

Британските медиуми пренесуваат дека Ле Пен посочила дека Франција треба да преземе слични мерки кон Алжир, како што направи Трамп кон Колумбија.

Таа во интервју за француската телевизија рече дека Франција треба да биде „поагресивна“ со поранешните колонии како Алжир, користејќи ја тактиката на Трамп за воведување санкции и царини за да ги принуди да прифатат депортации.

Според неа, доколку Алжир не се согласи да соработува, Франција треба да го блокира трансферот на пари и да ги суспендира визите за Алжирците и нивните политички лидери.