Собрание

Спикерот Гаши сè уште не добил нов предлог за замена на Даути

30.01.2025 12:39

По интерпелацијата и оставката на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути, собранискиот спикер не добил сè уште нов предлог за нејзина замена. Гаши вели дека Комисијата мора да продолжи со работа и проблемот мора да се надмине...

По оставката на Илире Даути од претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, до спикерот Гаши не стигнал нов предлог од Европскиот фронт за нејзина замена. Комисијата не смее да престане да работи и ќе постапам согласно со Деловникот за да се надмине овој проблем, вели Гаши.

Првиот човек на Собранието информираше дека согласно со приоритетот за дигитализација на парламентот наскоро ќе почне да работи интернет апликација на која граѓаните ќе може да поставуваат прашања до своите пратеници и да се сретнуваат во отворените канцеларии во местото на живеење.

Спикерот Гаши смета дека повлекувањето на дел од амбасадорите согласно со владината одлука е со автентичното мислење усвоено од Собранието со мнозинство пратеници.

Ирина Гелевска