Осум заложници се враќаат дома, продолжи размената помеѓу Хамас и Израел
Нови осум заложници денеска ќе си дојдат дома. Продолжи размената помеѓу Хамас и Израел, според договорот меѓу двете страни. Израелската жена Агам Бергер веќе ја помина сигурната линија...

Солзи во очите, но овојпат радосници!! Во Тел Авив на централниот плоштадот, роднините и пријателите во еуфорична атмосфера го пречекаат ослободувањето на Агам Бергер која повеќе од 15 месеци беше заложник на Хамас. 20-годишната Бергер беше предадена на Црвениот крст пред толпата луѓе во бегалскиот камп Џабалија на северниот дел на Газа. На југот од енклавата во Кан Јунис, пак, 80-годишниот Годи Мозес и 29-годишната Арбел Јохуд кои беа киднапирани во Кибуцот низ Оз, се прегрнаа во присуство на маскирани припадници на милитантите, чекајќи нивното ослободување. Хамас треба да ослободени уште петмина тајландски државјани кои официјално сè уште не се идентификувани.
И додека трае размената, израелската армија ги продолжува операциите во окупираниот западен брег, регистрирани жртви.
„Израелската одбрана работи напорно во бегалскиот камп Џенин и во други кампови со цел уништување на терористичката инфраструктура. По завршувањето на операцијата, силите ќе останат во кампот за да се осигурат дека тероризмот нема да се врати. Одовде испраќам јасна порака до палестинската власт: стоп за финансирање на тероризмот и убиствата на Евреите, почнете сериозно да се борите против тероризмот“, изјави Израел Кац, министер за одбрана на Израел.
Од друга страна, жителите се обидуваат да го вратат својот поранешен живот. Раселените лица пешачат и по неколку километри по разрушената Газа во надеж дека ќе стигнат до своите домови. Во договорот за прекин на огнот им се овозможи на цивилите да си одат дома за прв пат по неколку месеци, но патувањето на 34-годишниот Абдел Каде Тафиш не е оди лесно.
„Има прекин на огнот, но има шанса и да се врати. Почнав да се подготвувам, но не знаев дека патиштата се вакви. Моето движење и онака е отежнато, но копнеев за семејството, за мојот дом, моето место, но го пронајдов разрушено до непрепознатливост“, изјави Абдел Кадер Тафиш – раселено лице од Џабалија.
Во меѓувреме, израелските власти и официјално ја забранија Агенцијата за помош на палестинското население.
„Националниот штаб, се разбира, го сочинува мнозинството кај нашиот персонал. Тие нема да бидат присутни во комплексот поради ризиците со кои ќе се соочат, вклучително и поради тоа што се организираат демонстрации, од различни израелски движења околу комплексот во источен Ерусалим“, соопштија од УНРВА.
Тел Авив побара помошта од Агенцијата да се пренасочи кон други невладини организации кои веќе оперираат во енклавата.
Маја Стојанова
