22-годишна девојка загина во сообраќајна несреќа на „Партизанска“, возачот во притвор
Дваесет и двегодишна девојка загина во сообраќајна несреќа на Партизанска. Возачот е приведен. Обвинителството по увидот на местото на несреќата побарало обдукција на телото на починатата. Се бараат и снимки од видеонадзорот на локацијата. Ова не е прв несреќен случај на ова место. Многу често граѓаните се сведоци на брзо возење и невнимание…

Сè уште видливи трагите на местото од трагичната несреќа на булеварот „Партизански одреди“, каде загина дваесет и двегодишна девојка, кога во неа удрил автомобил зад чиј волан било две години помладо момче.
Несреќата се случила нешто пред полноќ, момчето со автомобил удрил во девојката која била пешак и која починала на самото место. Граѓаните вознемирени велат, овде постојано се случуваат вакви несреќи. Се вози со преголема брзина, особено во ноќните часови.
Јавен обвинител изврши увид, побарани се снимки од видеонадзорот, донесена е наредба за обдукција на телото на жртвата, но и за испитување на крвта и урината на 20-годишниот возач.
Ова не е прва несреќа на овој булевар. Пред три години загина 24-годишна девојка од Радовиш кај трговскиот центар „Сити мол“.
Игор Панов