МВР
Спречен обид за грабеж во угостителски објект во Куманово, крадецот приведен
30.01.2025 18:55
Дваесет и осумгодишник од Куманово бил приведен утринава при обид да изврши грабеж од угостителски објект во Куманово...

Дваесет и осумгодишник од Куманово бил приведен утринава при обид да изврши грабеж од угостителски објект во Куманово.
– На 30.01.2025 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Џ.Б.(28) од Куманово. Тој бил затекнат во угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар“ од Куманово при обид да одземе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
