Притвор за хирургот од Битола осомничен за поткуп
М.С. беше упсен поради примање мито од 150 евра во битолската Клиничка болница, случај регистриран од СВР Битола на 28-ми јануари во просториите на болницата во Битола.

На барање на Јавното Обвинителство определен е притвор од осум дена за хиругот М. С. (64), вработен и на раководна позиција во ЈЗУ Клиничка болница- Битола.
М.С. беше упсен поради примање мито од 150 евра во битолската Клиничка болница, случај регистриран од СВР Битола на 28-ми јануари во просториите на болницата во Битола.
Според Обвинителството, сомнението произлегло од фактот дека осомничениот како лице кои вршело работи од јавен интерес, доктор-хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, извршил интервенција, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде 150 евра за да се почастел за извршената работа. Откако осомничениот ги примил парите, бил извршен претрес, а овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите.
