Од утре автоматско здравствено осигурување

31.07.2014 19:31

Нововработените и оние кои ќе сменат работно место со пријавување во Агенцијата за вработување автоматски ќе добиваат здравствено осигурување. Ниту за новороденчињата нема повеќе да се доставува извод од матичната книга до Фондот. За да се пријави бебето потребно е родителот да достави пријава за здравствено осугурување и здравствена легитимација.

„Ризици покрај непотребното доаѓање во институциите беше и фирмите да направат дисконтинуитет или да дојдат во Фондот со задоцнување и автоматски самите вработени и нивните фамилии да немаат континуирано здравствено осигурување што значи прекин односно оневозможување одредени права да ги добијат“, рече Маја Парнарџиева Змејкова, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Во Фондот за здравство секој месец има над 30 илјади промени. Со ова електронско поврзување ќе се намалат и гужвите на шалтерите.

„Ова директно поврзување, значи во истиот момент кога ќе се реализира, процесуира М1 пријавата или М2 одјавата во АВРМ, истиот момент ќе се креира ЗО1 образец во ФЗОМ бидејќи нашите системи се поврзани на релно време, односно не се прави по некој пресеци туку во истиот момент кога се реализира кај нас се реализира и во ФЗОМ“, рече Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Овие електронски олеснувања на Фондот за здравство важат од први август.

Андријана Атанасовска