Судство

Судството доби тројка на испитот кај граѓаните

30.01.2025 15:43

Мито има и во правосудниот систем. Граѓаните го оценија судството во земјава со тројка. Ова го покажува истражувањето направено врз скопските правосудни системи. Министерот Филков разочаран од резултатот, а претседателот на Здружението на судии Џолев е задоволен.

Судството доби тројка на испитот кај граѓаните. На 9 насто од оние што стапнале во суд им било барано мито за да завршат работа. Во третина од овие случаи судиите или нивни соработници го барале поткупот, покажува истражувањето за квалитетот на услугите во скопските судови. Пофалби има за третманот на судската полиција, а најостра критика за брзината на испорачаната услуга.

Претседателот на Здружението на судии Џолев задоволен од анкетата. За министерот Филков резултатите се поразителни.

Анкетата е направена врз 1.100 граѓани кои често бараат услуга од судовите. Ова истражува доаѓа во време на се погласни критики за работата на судовите и Судскиот совет. Претходно и премиерот Мицкоски изјави дека распуштањето на петмина членови на судското тело избрани од Собранието е една од мерките за подобрување на состојбите.

Реформската агенда која лани беше одобрена од Европската комисија не обврзува со јуни годинава да имаме нов закон за Судскиот совет во којшто ќе бидат имплементирани препораките на Оценската мисија.

 

Анита Димитријевска – Велковска