Нов бран на невреме во Србија
И Србија и Хрватска се соочуваат со големо невреме. Грмотевици, силен ветер и поројни дождови, при што е направена голема материјална штета. Во Пожаревац е прогласена вонредна состојба.

Нов бран невреме во Србија, најзагрозен е југот од земјата. 15 часа не престануваат поројните дождови во Костолац, надојдената вода којашто се слева од ридовите го загрози работењето на термоелектраната ,,Костолац А“. Безбедноста на луѓето е подигната на највисоко ниво. Под вода се и улиците на Вршац, кадешто се проценува дека досега наврнале околу 200 литри вода на метар квадратен. Локалните медиуми јавуваат дека се поплавени и неколку куќи. Екипите се на терен и се обидуваат да ја испумпаат водата.
И општина Топола прогласија вонредна состојба откако синоќешното невреме нанесе огромни штети на комуналната инфраструктура. Невремето предизвика помали пожари во Краљево и Врњачка бања.
Силното невреме ја потопи и Хрватска. Силниот ветер рушел се пред себе, корнел дрва и уривал покриви на куќи. Поплавени се голем број градови, а оштетени се и десетици автомобили.
