Одреден триесет дневен притвор на возачот кој ја усмрти 22 годишната девојка на „Партизанска“
Обвинителството поведе истрага – осомничениот 20-годишник без дозвола управувал автомобил во сопственост на неговиот татко. Бил под дејство на алкохол, поминал и на црвено светло.

Судија на претходна постапка вечерва му одреди триесет дневен притвор на возачот кој ја усмрти дваесет и двегодишната девојка на Партизанска.
Обвинителството поведе истрага – осомничениот 20-годишник без дозвола управувал автомобил во сопственост на неговиот татко. Бил под дејство на алкохол, поминал и на црвено светло.
Тој претходно бил во притвор за дрога, но судот одлучил да биде испратен во Воспитно-поправниот дом во Тетово третирајќи го како помлад полнолетник. Јавниот обвинител ја обжалил одлуката и предметот во моментов е во жалбена постапка.
Граѓани денеска положуваа цвеќе на местото каде загина студентката по моден дизајн.
