Повици за бојкот на маркетите поради високите цени
Граѓаните преку социјалните мрежи се организираа за испраќање пораки до трговците кои енормно ги зголемија цените, но и за власта која треба да алармира за спречување на оваа појава. Во пресрет на бојкотот некои маркети најавија спроведување попис, а други, пак ќе се бранат со акции...

За денеска најавен бојкот на маркетите поради високите цени на прехранбените производи. Граѓаните преку социјалните мрежи се организираа за испраќање пораки до трговците кои енормно ги зголемија цените, но и за власта која треба да алармира за спречување на оваа појава. Во пресрет на бојкотот некои маркети најавија спроведување попис, а други, пак ќе се бранат со акции.
Протестот го поддржаа од Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму велат, време е трговците да разберат дека граѓаните се на прво место. Поддршка даде и Стопанската комора на Македонија. Првиот човек на Комората, Азески вели дека мора да се има дијалог, доколку сакаме видливи резултати. Од големите ланци маркети велат дека ги разбираат граѓаните. Најавуваат промоции од следната недела.
Од Владата најавија спроведување вонредни контроли во маркетите.
