рибарство

Концесија за рекреативен риболов

31.01.2025 08:18

Концесионери за рекреативен риболов за две риболовни зони можат да се јават на отворениот јавниот повик. Концесијата е 12 години, а идниот корисник ќе биде избран со електронско наддавање. Крајниот рок е 30 дена од објавувањето на огласот до кога можат да аплицираат и риболовните здруженија …

Концесиите за организирање на рекреативен риболов за две зони што го опфаќаат риболовните подрачја Шпиље и Мавровица се за период од 12 години.

Право на учество на јавниот повик имаат домашни и странски правни лица регистрирани за дејноста рибарство и риболовни здруженија кои имаат право да конкурираат за повеќе места.

Покрај другите документи потребно е да се достави и доказ дека барателот ја има потребната опрема и вработени за вршење на рибочуварската служба односно има доволен број членови доколку се работи за риболовно здружение.

Критериум според кој ќе се врши изборот е највисокиот понуден надоместок на електронското наддавање.

Надоместокот за концесија за рекреативен риболов е најмалку 10 проценти од вредноста на издадените дозволи на годишно ниво.

Краен рок за поднесување на понудите е 30 дена од објавувањето на огласот на 11 јануари годинава.

 

Методија Трајков