Продолжува истрагата за воздушната несреќа во Вашингтон
Истрагата за воздушната несреќа во Вашингтон во која загинаа 67 луѓе продолжува...

Истрагата за воздушната несреќа во Вашингтон во која загинаа 67 луѓе продолжува. Порнајдени се и двете црни кутии од патничкиот авион на „Американ Ерлајнс“ кои треба да дадат одговори. Надлежните велат дека добиле голем број информации чии факти допрва треба да се утврдат. Прелиминарниот извештај би требало да биде готов за 30 дена.
„Ги разгледуваме сите факти за да утврдиме дали се работи за човечка грешка, проблеми со леталата или околината. Шпекулациите за време на истрагите, често ги слушаме, но ние спроведуваме важна безбедносна мисија со многу внимателен пристап“, изјави Џенифер Хоменди, претседател на Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД.
Веднаш по несреќата, за која претседателот Трамп тврдеше дека можела да биде спречена, тој потпиша воздухопловна наредба за повлекување на федералните иницијативи за различност, откако ја обвини демократската политика на своите претходници за спроведување мерки за вработување на луѓе со различности во управата за воздухопловство.
