Невреме во Скопје
Денешното невреме што го зафати главниот град ги поплави улиците. Сообраќајот се одвиваше многу тешко, возилата заглавија во водата. Нашата екипа еден час ја минуваше улицата кај Континентал.
Со намера да ја избегнат водата по улиците некои возила ги користеа тротоарите каде што заглавуваа во тревната површина.

По улиците беше хаос. Возачите бараа начин како да излезат од надојдената вода од дождот која за кратко време се претвори во река. Нервемето се случи токму во периодот кога луѓето завршуваа со работните обврски и тоа придонесе возачите да бидат нестрпливи и нервозни.
Долго време беше потребно да се пробие и брзата помош низ густиот и закрчен сообраќај.
Полицијата интервенираше на клучките каде што најмногу беа заглавени автомобилите и сообраќајот се одвиваше тешко.
Наташа Гркова Петрушевска