Израел ослободи 110 палестински затвореници
Израел ослободи 110 палестински затвореници откако привремено ја стопираше размената во знак на протест по хаотичните сцени и куп навреди кои ги претрпеа заложниците за време на предавањето од Хамас.

Израел ослободи 110 палестински затвореници откако привремено ја стопираше размената во знак на протест по хаотичните сцени и куп навреди кои ги претрпеа заложниците за време на предавањето од Хамас.
Од кабинетот на Нетанјаху потврдија дека посредниците се заложиле да гарантираат безбеден излез на заложниците во идните предавања откако тој претходно им стави дознаење дека нема намера да прифати никаков ризик за заложниците. Првата фаза од договорот предвидува размена на 33-ца израелски заложници за речиси 2 илјади палестински затвореници.
Наредната недела се очекуваат преговори за втората фаза од примирјето.
