Зеленски бара зголемен притисок врз Москва
Завршија спасувачките операции во Суми по рускиот напад со дронови врз станбена зграда во кој загинаа 9 луѓе, а 13 се повредени...

Завршија спасувачките операции во Суми по рускиот напад со дронови врз станбена зграда во кој загинаа 9 луѓе, а 13 се повредени. Додека европските претставници разговараат за можното продолжување на купување руски гас во контекст на потенцијалното решавање на војната во Украина, Киев повторно ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Москва.
„Секој ваков руски напад мора да се соочи со одговор од светот – теророт не смее да остане неказнет. Најефективниот одговор е да се поддржи нашиот народ, нашата држава и да се задржи притисокот врз Русија, и да не паднат на манипулациите на Москва. Русија мора да биде принудена на мир“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Истовремено Шведска објави нов пакет помош за Украина во вредност од околу 1,25 милијарди долари.
