Србија

По паузата во Инџија, протестниот марш продолжува

31.01.2025 08:31

Српските студенти го продолжуваат протестниот марш до Нови Сад откако поминаа половина од патот и преноќија во Инџија...

Српските студенти го продолжуваат протестниот марш до Нови Сад откако поминаа половина од патот и преноќија во Инџија. В сабота ќе им се приклучат на своите новосадски колеги за да ги поддржат во блокирањето на трите моста, симболично одбележувајќи ги трите месеци од несреќата на железничката станица и смртта на 15 лица.

„Откако го напуштивме Белград ни се придружија огромен број луѓе, постари, помлади, луѓе од сите возрасти. Поддршката за нас е едноставно неверојатна. Навистина верувам дека можеме да успееме со овој напор“, изјави Ива Ѓондовиќ, студентка од Белград.

За 5-ти февруари поддршка на студентите најавија и пензионерите во Србија.