Трагедија

Граѓаните повикаа на протест на „Партизанска“ за трагичната смрт на девојчето

31.01.2025 08:32

Преку социјалните мрежи повикаа на протест по сообраќајната несреќа што се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, а во која загина 22-годишна девојка. Протестниот собир е закажан за 13 часот пред прекарницата во близина на местото каде што смртно беше прегазена девојката...

Граѓаните преку социјалните мрежи повикаа на протест по сообраќајната несреќа што се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, а во која загина 22-годишна девојка. Протестниот собир е закажан за 13 часот пред прекарницата во близина на местото каде што смртно беше прегазена девојката.

Во сообраќајката што се случи вечерта на 29-ти јануари, 15-тина минути пред полноќ, девојката поминувала на пешачки премин кога во неа удрил автомобил со кој управувал 20-годишен скопјанец.

Според наводите на Обвинителството, тој возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено. За 20-годишниот возач е одреден 30 дневен притвор.