ХРВАТСКА
Земјотрес во Далмација
31.01.2025 09:04
Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерено силен земјотрес во Далмација во 5.02 часот...

Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерено силен земјотрес во Далмација во 5.02 часот.
Епицентарот бил во близина на островот Шолта, 22 километри југозападно од Сплит.
Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од четири до пет степени според ЕМС.
