Енергетика

РКЕ треба да пресече дали парното ќе има нова цена

31.01.2025 10:00

На крајот од јули минатата година регулаторот донесе одлука со која почнувајќи од августовските сметки ја намали цената на парното за 3,16 насто.

Регулаторната комисија за енергетика треба да пресече дали парното ќе има нова цена. ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ Производство поднесоа барања за зголемување на цената за 13, односно 20 проценти.

Нивното барање доаѓа по она на ЕСМ. Од таму велат дека ова покачување е неопходно за да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина и за да се обезбеди континуирана услуга за потрошувачите.

На крајот од јули минатата година регулаторот донесе одлука со која почнувајќи од августовските сметки ја намали цената на парното за 3,16 насто.

Во Скопје на системот за парно греење се приклучени 63.000 домаќинства.