Регион

Серија земјотреси во близина на грчкиот остров Закинтос

31.01.2025 10:47

Епицентарот на земјотресот бил во областа со географски координати на географска ширина 37.4804 и географска должина 20.606, пренесуваат медиумите во регионот...

Серија на земјотреси, од кои два со посилен интензитет од 4,1 и 2,7 степени според Рихтеровата скала, биле регистрирани утрово кај грчкиот остров Закинтос, во југозападна Грција.

Епицентарот на земјотресот бил во областа со географски координати на географска ширина 37.4804 и географска должина 20.606, пренесуваат медиумите во регионот.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.