Министерство за правда
Филков: Сочувство до семејството на Кулакова, целиот систем мора да се менува од корен
31.01.2025 11:15
Министерот за правда Игор Филков испрати сочувство до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова...

Министерот за правда Игор Филков испрати сочувство до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова. Нагласи дека ќе се заложи целиот систем да се менува од корен.
„Упатувам сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Кулакова. Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре“- пишува во соопштението од Министерството за правда.
