МВР

Уапсен 23-годишен скопјанец, пронајдени и одземени пиштол, муниција и марихуана

31.01.2025 11:38

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка „зораки“, муниција и марихуана...

На 30.01.2025 во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка „зораки“, муниција и марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.