Шпанија

Во Шпанија откриен нов вирус кој го пренесуваат комарците

31.01.2025 20:06

Шпански научници открија нов вирус кој го пренесуваат комарците – вирусот Синдбис, кој не е фатален, но предизвикува симптоми како треска, главоболка и болки во зглобовите и исип на кожата.

Шпански научници открија нов вирус кој го пренесуваат комарците – вирусот Синдбис, кој не е фатален, но предизвикува симптоми како треска, главоболка и болки во зглобовите и исип на кожата.

Научниците го откриле вирусот кај комарците во Андалузија, а претпоставуваат дека е во Шпанија од 2017 година, но до сега не бил откриен бидејќи истражувањето било фокусирано на вирусот Западен Нил.

Овој вирус претходно се појавил во Скандинавија и Алжир, а го пренесувале комарците од Северна Африка или Кенија на локалните комарци.

Не е толку смртоносен како вирусот Западен Нил, кој е присутен и во Андалузија.