Здравство

Уште три лека од биолошката терапија треба да стигнат на Клиниката за онкологија

31.01.2025 13:01

Денеска два, во понеделник уште три лека од биолошката терапија треба да стигнат на клиниката за онкологија и пациентите да продолжат со лекувањето по речиси две недели прекин поради недостиг на биолошката терапија...

Денеска два, во понеделник уште три лека од биолошката терапија треба да стигнат на клиниката за онкологија и пациентите да продолжат со лекувањето по речиси две недели прекин поради недостиг на биолошката терапија. Надлежните велат, терапијата ќе им биде доволна на пациентите во наредните неколку недели, се до новиот тендер.

За сомнежите на онколошките пациенти дека се трошат последните количества од имунолошката терапија која е различна од биолошката, надлежните велат дека во тек е јавна набавка и болните од канцер навреме ќе ја добиваат. Од Фондот за здравство ја задолжија Клиниката за онкологија да направи регистар на пациенти. Надлежните велат – зголемениот број болни од карцином довел до овој дефицит.

Годинава буџетот на Клиниката за онкологија ќе биде значително зголемен, со тоа се очекува да не се повтори кризата со биолошка терапија.