Јаневска: Министерството има сериозен пристап кон забелешките за новата концепција
Задоволна сум што новата концепција за гимназиско образование предизвика бурни дискусии и предлози, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Додава дека ресорното министерство има сериозен пристап кон сите забелешки дадени од стана на факултетите во Македонија...

Добро е тоа што нацрт-концепцијата за гимназиско образование предизвика големи реакции и дебати во јавноста. Министерството за образование има сериозен пристап кон сите забелешки.
Дел од професорите по предметите филозофија, логика и етика во средните училишта не се согласуваат со новата концепција со став дека изземањето на етиката и филозофијата како редовен предмет ќе оневозможи формирање критичка мисла кај младите и негативно ќе влијае врз формирањето на моралните вредности.
Воспитнообразовен процес без педагогија, научен процес без мислење и култура без социологија водат кон неквалитетно образование, велат професорите.
Марија Котовска
